Како изгледаше голманското трио на Вардар пред 15 години: Борко Ристовски е детенце! (ФОТО)

Екипата на Вардар пред 10-15 години беше неодминлива станица, речиси, за секој македонски репрезентативец во ракомет, а тоа особено важеше за голманите. Борко Ристовски потсети како изгледаше голманското трио на црвено-црните пред 15 години.

На својот профил на Инстаграм, Борко објави фотографија стара 15-тина години. Го држи пехарот од Купот на Македонија, во друштво на уште двајцата голмани на Вардар про од тоа време - Зоран Петковски и Данило Брестовац. Тие тогаш беа репрезентативни чувари на мрежата на Македонија, а Борко имаше од кого да учи.

„Погодете кое е детето во средина“, напиша Ристовски покрај фотографијата на својот Инстаграм.

Ова би требало да е пехарот од Купот, кој Вардар го освои во 2003 година, со оглед дека Борко беше дел од црвено-црните од 2001 до 2003, а потоа замина во Металург.