Јуниор запиша прв триумф сезонава, КЛ7 освои бод против Струга со звукот на сирената

Денеска се одиграа две средби од групата А во македонската ракометна Суперлига, а триумф запиша тимот на Јуниор Кисела Вода против Астраион со 30-23, додека вториот меч заврши реми (23-23) меѓу КЛ7 и Струга.

Јуниор конечно победи во домашниот шампионат, по двата воведни порази, откако денеска без многу проблеми славеше против Астраион со 30-23.

Тие уште во првото полувреме создадоа предност од 23-13, по што го одржуваа водството до крајот. Најдобар во победничкиот тим беше Жарко Бајрактаровиќ со осум постигнати голови.

КЛ7 и Струга водеа голема борба на теренот, а на полувреме гостинскиот тим замина со предност од 9-8. Во самиот финиш се водеше голема борба, а КЛ7 во последна секунда успеаа да израмнат на конечни 23-23.

Најефикасен во редовите на Струга беше Пеце Рајатовски со шест голови, а Емилијан Ѓоговски псотигна пет за КЛ7.