Фаворитите ефикасни за крај: 40-ки во Охрид, Битола и во Скопје!

Последното коло за есенската полусезона во македонската ракометна Суперлига, почна ефикасно, во полза на фаворитите.

Сите три фаворити ја оправдаа улогата и тоа постигнувајќи преку 40 гола. Охрид го совлада Радовиш со 41-32 и дојде до 30 бода, на второто место на табелата. Најверојатно ќе остане таму, бидејќи директниот конкурент, Бутел, в сабота му гостува на неприкосновениот Еурофарм Работник.

Овие 73 гола на дуелот во „Билјанини извори“ останаа најефикасни на вечерта, сепак имаа сериозна конкуренција во другите два дуела. Во Битола, Пелистер го победи Вардар јуниор со 41-27 и го одржа чекорот со врвот, а уште поубедлив беше Пролет против Борец со 42-26.

Есенската полусезона ќе заврши в сабота, по што ќе останат уште четири кола за да се избистри четворката која ќе се пласира во плејоф-фазата, напролет.

 

СУПЕРЛИГА, 14. КОЛО

Охрид - Радовиш 41-32

Пелистер - Вардар јуниор 41-27

Пролет - Борец 42-26

Е. Работник - Бутел Скопје  (сабота 17ч.)

Прилеп - Струга (сабота 17ч.)

 

ТАБЕЛА: 1. Е. Работник 37бода, Охрид 30, Пелистер 29, Пролет 28, Бутел 27, Струга 19, Радовиш 12, Прилеп 10, Вардар Ј. 9, Борец 0.