Европскиот првак Вардар победнички тргна на тестовите за новата сезона

Актуелниот европски ракометен првак Вардар победнички ги започна кратките подготовки пред настапот на неофицијалното светско првенство Суперглоуб на крајот на месецов, откако во Требиње, црвено-црните го победија Борац Бања Лука со 34-30 на дебито на новиот тренер Писонеро.

Вардарци тргнаа победнички и уште од стартот на мечот покажаа дека и сезонава ќе имаат тим за високи дострели, па шест разлика имаа црвено-црните по воведните 30 минути на стартот на овие летни подготовки (18-12) и до крајот таа предност ја задржаа за триумфално да ги почнат контролките пред почетокот на новата сезона.

Тимур Дибиров со девет гола беше најефикасен, четири даде новото засилување Сикошек Пелко, а петмина други погодија по трипати – Дисингер, Арман, Скубе, Шишкарев и Горошпин. Во листата на стрелци се запишаа и Криштопанс и Горбок со по два, Кукуловски, Чупиќ, Толедо дадоа по еден.

Втората контролка на вардарви е вечерва против Леотар, а идниот месец стратува новата сезона во која Вардар ќе ги брани трофеите во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите. Вардар од пред речиси две недели е во Требиње (БиХ), каде ги одработува подготовките за новата сезона.