Еурофарм Работник има лесна задача да „биде шампион“

Македонскиот ракометен клуб, екипата на Еурофарм Работник, ги доби противниците на меѓународниот ракометен турнир „Биди Шампион“, кој ќе се одигра во Добој.

Еурофарм Работник ќе биде единствениот претставник од нашата земја, а ќе игра во група заедно со Слога Добој, Луцерн и Пекинг Спорт.

Натпреварите за макеоднкиот претставник стартуваат на 20 август против Луцерн  (21:00 часот), еден ден подоцна играат со домаќинот Слога (19:15), додека третиот меч ќе се одигра на 23 август против Пекинг Спорт (21:00).

Првопласирените екипи во двете групи ќе играат во финалето, додека другите ќе разигруваат за останатите позиции.

Во втората група на турнирот силите ќе ги одмерат Шартр, Татран Прешов, Извиѓач и Војводина.