Еурофарм Работник го прегази и Радовиш!

Еурофарм Работник одигра уште еден фантастичен дуел во Суперлигата, па го совлада Радовиш со 43-25 за нивна 11. победа сезонава.

Радовиш не беше дораснат противник за Е. Работник, кој играше моќно и на овој дуел, па на полувреме имаше предност од 12 голови, односно 22-10.

Работник продолжи со добрата игра и во второто полувреме, па постојано се зголемуваше предноста, а на крајот достигна 18 голови, откако триумфираа против Радовиш со 43-25.

Во моментов, Е. Работник е лидер на табелата со 34 бодови, а втор е Бутел со седум бодови помалку.