Еурофарм Работник го доби битолското дерби со Пелистер

Екипата на Еурофарм Работник го доби дербито со Пелистер во Битола, откако славеше со убедливи 31-25.

Еурофарм тргна фуриозно на самиот старт, па по отворањето од 4-2, следуваше одлична серија на ракометарите за водство од 11-3, а Пелистер не успеа да одговори на противничките напади, па на полувреме замина со негатива од 9-16.

Во второто полувреме Пелистер продолжи со лошата игра, па Еурофарм продолжи да ја полни мрежата на нивниот градски ривал, па најпрво поведе со 19-28, но сепак Пелистер успеа да намали на конечни 25-31.

Еурофарм со денешниот триумф е во пол-позиција за втората позиција и учество во СЕХА-лигата.