Еурофарм Пелистер 2 го декласираше Младост Богданци

Младост Богданци беше немоќен во денешниот дуел од третото коло против Еурофарм Пелистер 2 и загуби со 22-30 во ракометната Суперлига.

Еурофарм Пелистер 2 уште на стартот изгради предност од два гола (2-4), која потоа порасна на три гола во 15. минута (3-6), а како минуваше времето така битолскиот тим додаваше гас и на полувреме стигна до 16-9.

Екипата од Битола ја одржуваше предноста и во второто полувреме, а на 15 минути до крајот имаше водство од 24-16. До крајот Младост не успеа да му се доближи на ривалот, па загуби на 22-30.

Кузманоски беше најефикасен кај Еурофарм Пелистер 2 со осум голови.

Бутел го дели првото место на табелата со Металург, со кои имаат по девет бодови, трет е Еурофарм Пелистер 2 со шест бодови, по што следат Прилеп и Младост со по три бодови, а без бодови се тимовите на Работнички и Тиквеш.