Емотивна средба на Милосављев и Периќ: Мојот тренер, ментор и животен учител (ФОТО)

Кога Дејан Милосављев пристигна во редовите на Вардар во 2018 година важеше за тотален анонимец и ретко кој веруваше дека токму тој ќе биде еден од клучните ракометари на патот кон освојувањето на втората титулата на „црвено-црните“ во Лигата на шаммпоиони.

По освојувањето на титулата, својата кариера ја продолжи во дресот на Берлин, а најзаслужен за неговиот голем напредок за толку кусо време е Дејан Периќ, тренерот на голманите во Вардар.

Но, ниваната соработка датира од поодамна, односно уште од 2015 година. Во тоа време Периќ беше селектор на Србија, а во март 2015 година му ја даде првата шанса на тогашниот 19-годишен чувар на мрежата на еден официјален меч. Но, врвот на соработката се случи во Вардар.

Милосављев никогаш не заборави кој е главниот „виновник“ за неговата успешна досегашна кариера, па во неколку наврати преку социјалните мрежи јавно му искажа благодарност на Периќ. Така беше и овој пат.

После карантинот, тие го прославија пристигнувањето во Србија во Панчево, каде Милосављев сподели заедничка фотографија со Периќ на која напиша: „Мојот тренер, ментор и животен учител“.