Е. Пелистер со победа ги заврши подготовките во Хрватска и во Словенија

Еурофарм Пелистер ја надигра Горица и ја победи со 27-24. Со тоа ги заврши подготовките, кои се одвиваа во Хрватска и во Словенија и во кои битолчани одиграа три пријателски средби.

Иако без неколку ракометари, отсутни поради ангажманот на Светското првенство во Египет, Еурофарм Пелистер покажа дека е за класа поквалитетен од Горица, создавајќи висока предност уште во првиот дел, 16-10.

Во вториот, дојде до највисокото водство намечот, 18-11, а потоа домаќините успеаја да се доближат за попристоен пораз. Ѓукиќ ги предводеше стрелците со осум гола, пет додаде Кукуловски, додека кај голманите Чаневски се истакна со седум интервенции.

По ремито со Целје и поразот од ППД Загреб, Е. Пелистер утре се враќа во Битола, за да се подготвува за првиот натпревар од СЕХА-лигата, повторно со Загреб, овој пат во рамки на СЕХА-лигата.