Е. Пелистер како Вардар: Ги почна подготовките на фудбалски терен (ФОТО)

Еурофарм Пелистер денеска и официјално ги почна подготовките за новата сезона и тоа во Битола. Првиот тренинг „зелено-белите“ го одработија на фудбалски терен исто како и Вардар минатата недела кога ги „запали моторите“.

Тимот на тренерот Жељко Бабиќ веќе утре заминува за Маврово, каде засилено ќе се подготвува во следните две недели. Формата ќе ја „бруси“ преку пријателски натпревари на турнирите во Струга и Атина кои се закажани за месец август. Хрватскиот тренер на располагање ги има сите играчи, како и новите засилувања како Стипе Мандалиниќ, Кушан, Мараш и младите македонски репрезентативци Марио Танкоски и Ненад Костески.

Битолчани во новата сезона ќе играат во СЕХА-лигата, но и во Европската лига на ЕХФ, откако не доби вајлд-карта за учество во новиот формат на Лигата на шампионите.