Е. Пелистер го декласираше Прилеп и стана прв финалист на турнирот во Струга

Еурофарм Пелистер одигра уште еден моќен натпревар, и тоа овојпат против Прилеп (38-37), па така се пласираше во финале на турнирот во Струга, со што им се отвора втора шанса да го освојат трофејот, откако лани загубија од АЕК.

Битолчани од самиот старт на мечот ја преземаа иницијативата на мечот и играа фантастично, додека нивниот ривал Прилеп се мачеше, но некако ја одржуваше негативата од четири гола до 17. минута. Е. Пелистер потоа додаде гас и на полувреме замина со осум голови предност.

Во вториот дел Е. Пелистер повторно доминираше и како минуваше времето, така растеше предноста за екипата од Битола, која на крајот славеше со 38-17.