Дисингер: Ќе дадам сè од себе во Вардар!

Германецот Кристијан Дисингер денеска официјално потпиша договор на две години со македонскиот шампион Вардар.

Дисингер едвај чека да дебитира за екипата и да се запознае со навивачите на црвено-црните.

„По три години поминати во Кил, среќен сум што Вардар ми даде нова шанса. Кил има одлични навивачи, но Вардар ги има најдобрите во Европа. Сакам да ја запознаам културата, навивачите, народот и целиот тим на Вардар. Се надевам дека ќе помогнам за успешна сезона на Вардар“, изјави Дисингер за веб-страната на РК Вардар.

Сепак, Германецот ќе мора да почека на деби во Лигата на шампиони во дресот на црвено-црните и ќе може да настапи за нив дури во шестото коло.