Дибиров: Вардар ми помогна да го остварам својот сон, сега е мој ред!

Долгогодишниот член на Вардар, Русинот Тимур Дибиров, во интервју за „7 Метри“ откри како почнал да се занимава со ракомет, но и уште неколку интересни вести поврзани со овој спорт.

Едно од најдобрите леви крила во историјата на ракометот со „црвено - црните“ освои се што можеше да се освои, а меѓу најзначајните се две титули во Лигата на шампионите, четири во СЕХА лигата, пет титули во македонската Суперлига...

Животна желба ми беше да ја освојам Лигата на шампионите, без разлика што знаев дека тоа е многу тешко. Во таа лига се игра на највисоко ниво и затоа е сон на секој ракометар да стигне до тој трофеј. Не можев да поверувам дека мојот сон стана реалност. Но, само јас знам колку многу дадов за да стигнам до врвот. Ситуацијата е ташка сега, но Вардар ми помогна да си го остварам мојот сон и затоа му сум многу благодарен. По сè што поминавме заедно, јас морав да останам и да му помогнам во тешките моменти, истакна Дибиров.