Четврти триумф за Работнички, Ончев со 17 гола ја наполни мрежата на Тиквеш

Работнички славеше против Тиквеш со убедливи 31-24 во плејаут лигата, па така остана во трката за опстанок во Суперлигата.

Тимот од Скопје покажа уште на самиот старт на мечот дека планира да ги освои сите бодови од овој натпревар, па на полувреме замина со 14-11.

Во вториот дел следеше целосна доминација на Работнички, кој им го нанесе првиот пораз на кавадарчани во плејаут лигата.

Ончев беше неверојатен на теренот и постигна 17 голови за Работнички, додека кај Тиквеш најдобар беше Смиљаниќ со 10 погодоци.

Радовиш славеше со 37-31 против Голден Арт КЛ7, додека Јуниор Кисела Вода го победи Астраион со 36-23.