Бутел обезбеди европска виза по триумфот над Металург

Бутел го совлада Металург со 30-25 во рамки на 9.коло во плејофот од Суперлигата со која дојде до четвртото место на табелата и пласман во европските купови.

Ова е дебитантска сезона од соништата за Бутел во елитата и веднаш направија огромен успех. Металург имаше водство на полувремето, но желбата на домаќинот да обезбеди пласман во Европа преовлада во второто полувреме и со пресврт дојде до значајна победа. 

Мајиќ со 11 голови беше најефикасен кај Бутел, додека Печенковски реализираше седум пати. Михајло Младеновиќ со четири голови беше најефикасен кај Металург.