Борко: Пресудија квалитетот и искуството на Вардар!

Вардар неочекувано се најде во драматична завршница во финалето од ракометниот Куп на Македонија, да води со само еден разлика, откако водеше шест, но стигна до победата и до пехарот, според Борко Ристовски, благодарение на индивидуалните квалитети на вардарци и големото искуство.

Голманот, кој беше прогласен за најдобар на завршниот турнир, рече дека со исклучок на последните десет минути, црвено-црните целосно ја заслужија победата.

„Мислам дека искуството си го направи своето на крај. Индивидуалниот квалитет на Вардар и искуството го добија овој натпревар. Мислам дека е целосно заслужена победа, освен ако ги тргнеме последните десетина минути од второто полувреме. Сè друго беше под контрола на Вардар и резултатски и играчки. Тоа е тоа, ние одиме чекор по чекор, ова беше само еден натпревар којшто го имавме зацртано да го добиеме. Сега останува да се одмориме добро и в четврток да одиме во Битола и да пробаме да го добиеме тој натпревар. Ако одиграме еден добар меч, ќе се обидеме уште таму да ја завршиме приказната околу шампионот на Македонија“, вели Ристовски.