Битолско дерби за почеток и нова казнена мерка од РФМ

Се подготвува новата сезона во македонскиот ракомет. Во просториите на РФМ, денеска се одржа конференција на клубовите, на која беше одреден распоредот во Суперлигата и во Женската лига, но донесени беа и уште неколку одлуки.

За разлика од минатата сезона кога Младост се пријави, па потоа не ја ни почна сезоната, во 2018/19 за македонскиот ракометен трон ќе се борат десет екипи. За да спречи вакви маневри на клубовите, кои потоа му штетат на првенството, РФМ донесе нова казнена мерка со која ја штити Суперлигата.

Секоја екипа која ќе се пријави за нова сезона, а нема да ја доврши сезоната и од некоја причина ќе се откаже, ќе добие забрана за натпреварувње во македонскиот ракомет во следните три сезони, а во четвртата ќе почне од најнизок ранг.

За разлика од минатата сезона, овој пат новите суперлигаши се амбициозни. Бутел Скопје доминантно ја освои Прва лига, а во следната сезона ќе го пречека Прилеп во првото коло. Второпласираната Струга, пак, ќе гостува во Велес, но дерби на колото, сепак, ќе биде судирот меѓу битолските ривали, Пелистер и Еурофарм Работник. И во новата сезона, Вардар и Металург ќе настапуваат во СЕХА, а ќе се приклучат на македонското првенство во пролетната, плејоф-фаза.

Машката Суперлига ќе почна на 15/16 септември, а Женската лига една подоцна. Таа не се спаси од истите проблеми и ќе содржи девет екипи, бидејќи Вардар јуниор престанува да постои.

 

ПРВО КОЛО МАШКА СУПЕРЛИГА

Пелистер- Еурофарм Работник
Тинекс Пролет - Охрид
Бутел Скопје - Прилеп
Борец - Струга
Вардар (Ј) - Радовиш

 

ПРВО КОЛО ЖЕНСКА ЛИГА

Вардар - Куманово

Деспина - О. Поле

ЦЕМС - Пелистер

Гевгелија - Спартак 

Металург е слободен