Банкарски гигант е новиот спонзор на Вардар! (ФОТО)

Актуелниот европски првак Вардар влегува во новата сезона со големи амбиции, иако направи реконструкција на тимот, откако од него си замина рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

Попладнево, црвено-црните го претставија новиот дрес, со кои играчите на Стевче Алушовски ќе се обидат да го вратат клубот во европскиот врв.

Дресот уште оваа сезона ќе биде од компанијата „Хумел“ со традиционалните црвено-црни ленти, но на него сега има сосема поинакви спонзори.

Банкарскиот гигант „Комерцијална банка АД Скопје“ ќе биде главен финансиер на вардарци, па оттаму обложувачката компанија „Бет Сити“ на Самсоненко и останатите фирми кои беа на ударно место на дресот, сега заминуваат во историјата.

Покрај "Комерцијална Банка" , на дресот ќе го пишува името и на "Ватростална", компанијата која е во сопственост на Михајло Михајловски, старо-новиот претседател на Вардар. 

Се очекува дресот да го "рашараат" и неколку други помали компании, кои ќе бидат во спонзорскиот пул на европскиот првак.