Алушовски тргна со триумф: Вардар подобар во контролката со Еурофарм Пелистер

Европскиот шампион Вардар ги почна подготовките со триумф на пријателскиот меч против Еурофарм Пелистер со 32-28, кој се играше без публика.

Еурофарм Пелистер даде голем отпор во првото полувреме, но сепак избраниците на Стевче Алушовски на паузата заминаа со водство од 15-12.

Вардар не се мачеше премногу во второто полувреме, па за неколку минути создаде пристојна предност, која ја одржуваше до самиот крај на мечот и триумфираше со 32-28.

Новите возбудувања за Вардар на европската сцена почнуваат на петти февруари, кога му гостуваат на германскиот гигант Кил.