Алкалоид од пенал стигна до бод против Бутел

Ракометарите на Алкалоид одиграа солиден натпревар против Бутел (26-26) и го освои првиот бод на Струшкиот турнир, па така ќе се борат за петтото место.

Македонскиот селектор Кире Лазаров заедно со своите ракометари успеа да дојде до реми против искусниот ривал, и тоа со пенал во последните секунди од мечот, откако на полувреме Бутел имаше водство од 14-13.

Алкалоид утре од 17.15 часот го игра последниот меч на турнирот во Струга, каде што ќе се бори за петтата позиција, а наскоро ќе го дознае ривалот.