Трајковски асистент и стрелец, Палермо го „потопи“ Авелино (ВИДЕО)

Палермо конечно ја прекина катастрофалната серија од четири натпревари без победа, па во 37. коло од италијанската Серија Б, го победи Авелино со 3-0.

Резултатот на мечот го отвори Игор Коронадо од пенал во деветата минута, а Антонио Ла Гумина го зголеми водството на 2-0 по асистенцијата на Александар Трајковски.

Конечните 3-0 за домашната екипа ги постави токму Трајковски од пенал во 73. минута и ја доближи својата екипа до враќање во Серија А.