Талески „распука“ за само шест минути, фантастичен и Миркуловски!

Филип Талески и Филип Миркуловски имаа одличен ден во своите клубови, остварувајќи победи во кои тие беа важни фактори.

Рајн-Некар ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Либек и славеше со 38-28. Талески доби поголема шанса за игра во второто полувреме и тој веднаш распука. За само шест минути, во периодот од 45. до 51. постигна четири гола од пет обиди. На крај, на своето остварување додаде и една асистенција. Беше четврти стрелец во тимот, зад повратникот Ду Риц со девет и Грецки и Толбринг со по осум.

Со ист број погодоци придонесе и Миркуловски во победата на Вецлар со 29-26 против неговиот поранешен тим, Хановер. Плејмејкерот на македонската репрезентација не промаши, имаше четири од четири и плус една асистенција.

Рајн-Некар води на табелата со 42 бода, два повеќе од Фленсбург, но и натпревар помалку, а Вецлар е деветти со 25 бода.