Македонската колонија во Сепси доби и трет член: Голманот Јовановски потпиша двегодишен договор!

Поранешниот голман на Шкендија, Марко Јовановски е третиот македонскиот интернационалец кој ќе игра во романски Сепси, откако потпиша двегодишен договор со овој клуб и им се придружи на Марко Симоновски и Милован Петровиќ.

Јовановски, кој освен за Шкендија бранеше и за Пелистер, Тетекс, а кариерата ја почна во Вардар во Сепси доаѓа од второлигашот Орадеа. Младиот голман потпиша двегодишен договор со клубот и ја зголеми македонската колонија во овој романски прволигаш, кој моментно се бори за опстанок.

Инаку зимоска во Сепси дојде Марко Симоновски, па веќе на два меча по ред постигнува голови за победа со кои овој клуб е сè побслизу до опстанокот. Симоновски беше стрелец за Сепси во победата од 2-1 против Газ Метан, а претходно беше стрелец и на дуелот против Јувентус Букурешт, па досега неговиот скор е два гола на пет меча.

Од претходно стандарден првотимец е Петровиќ, поранешниот македонски репрезентативец и член на Работнички.