Шишковски е херој во ремито на Лахти!

Денеска се одигра второто коло во финската лига помеѓу екипите на Хонка и Лахти, каде што брани македонскиот интернационалец Дамјан Шишковски.

Пеколен натпревар беше одигран помеѓу екипите, а најзаслужен за ремито на тешкото гостување на Лахти беше токму Шишковски.

Во 84. минута беше досуден пенал за домашната екипа, а Јунес Рахими не успеа да го реализира затоа што успешно интервенираше македонскиот чувар на мрежата.