Ристовски со одлична асистенција, Спортинг ја почна сезоната со победа! (ВИДЕО)

Нашиот интернационалец Стефан Ристовски одлично ја почна сезоната во Португалија, откако асистираше во победата на неговата екипа од 3-1 против Мореиренсе.

Домаќините погодија за водство уште во шестата минута од натпреварот преку Хериберто Таварес, но десет минути подоцна Ристовски го пронајде Бруно Фернандез кој израмни на 1-1.

Спортинг се мачеше во продолжението од средбата, па не успеваше да ја преземе контролата врз играта, но и покрај тоа стигна до пенал во 73. минута кој го искористи Бас Дост за 2-1. А, до крајот на натпреварот Дост погоди уште еднаш за конечни 3-1.