Ристовски скокна од трибини и отрча да слави со соиграчите по последниот пенал (ВИДЕО)

Спортинг Лисабон на пенали го совлада Порто со 5-4, откако претходно резултатот по продолженијата беше 2-2, а на мечот не настапи македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, кој беше суспендиран.

Сепак, Ристовски го следеше мечот од трибините, а по последниот пенал, по кој неговиот тим го освои трофејот, македонскиот фудбалер скокна преку оградата и отрча да прослави со соигачите.