Риека испушти победа, Хајдук се спаси во последни моменти!

Очаен почеток на сезоната за екипата на нашиот интернационалец Мирко Ивановски, Хајдук кој едноставно не знае за победа и по три одиграни кола во хрватската Прва лига.

Навивачите очекуваа големи возбудувања и конечно подобра игра на Хајдук, но такво нешто не беше видено на денешниот натпревар.

Екипата на Леон Жута, Риека беше маестрална и не му дозволуваше на својот противник „да мрдне“, па му дозволи да шутне само еднаш кон нивниот гол и тоа во првите 45 минути од средбата.

Притисокот на домаќините резултираше дури во 62. минута кога Јаков Пулјиќ стрелаше за водство од 1-0 за Риека.

И кога сите помислија дека Хајдук ќе загуби и денеска, тие како да се „разбудија“ во самиот финиш на мечот, па во 87. Минута преку Мијо Чакташ од пенал израмнија на 1-1.