Проблеми за Македонија: Несторовски се повреди против Читадела!

Македонскиот репрезентативец одлично го почна мечот против Читадела во италијанската Серија Б, откако постигна гол за 1-0, но во финишот од првото полувреме мораше да го напушти мечот.

Несторовски доби лош удар по еден старт на противнички фудбалер од зад грб, па веднаш падна на тревникот, а по медицинската помош мораше да го напушти мечот.

Засега не е позната тежината на повредата на македонскиот напаѓач, но ова во секој случај се лоши вести за македонската репрезентација, која на седми и десети јуни игра против Полска, односно Австрија во Скопје.