Повторно на врвот во Чемпионшип: Алиоски и Лидс направија сигурен чекор кон елитата

Екипата на Лидс, за која настапува и македонскиот репрезентативец Алиоски, со феноменален пресврт дојде до 16. победа сезонава и се искачи на првото место на табелата во Чемпионшип. Вечерва, избраниците на Марсело Биелса и покрај тоа што на полувреме губеа со 0-2, во вториот дел постигнаа три поигодоци со кои го свртеа резултатот во своја корист.

Инаку, Лидс ова е прв триумф по низата лоши резултати (два порази и едно реми) и моментно имаат 55 бода, два повеќе од ВБА, кој вечерва кискна на дуелот против Кардиф (2-1).

Алиоски го одигра целиот натпревар и имаше значаен придонес за победата на својот тим, меѓутоа, не успеа да се запише во листата на стрелците.