По три месеци, Алиоски конечно даде гол (ВИДЕО)

Езџан Алиоски конечно го прекина тримесечниот пост, откако вечерва влезе во игра и по само две минути погоди за 2-1 за Лидс против Дерби каунти во 79-та минута. Сепак, неговиот тим не успеа да ја задржи предноста, па на крајот мораше да се помири само со бод.