Пешевски даде четири гола за Штутгарт, Талески погоди само еднаш за Балинген

Дури тројца македонски ракометари беа во акција на ракометните терени во Германија, а најуспешен беше Жарко Пешевски во поразот на Штутгарт од Бергишер (25-31).

Штутгарт не успеа да се спротистави на Бергишер, па уште во првото полувреме имаше негатива од три гола, која на крајот достигна шест погодоци, но затаоа Пешевски може да се пофали со 100 проценти успешна реализација, зашто погоди четири пати од четири обиди.

Филип Талески постигна еден погодок во победата на Балинген против Гопинген со 32-26, додека Мартин Томовски остана на клупата во триумфот на Лудвигсхафен против Нордхорн Линген (19-12).