Пандев: Нѐ очекуваат уште шест финалиња, овој тим заслужува да остане во елитата

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, денеска ја предводеше својата Џенова до нова победа во Серија А, откако на домашен терен славеше над СПАЛ со 2-0.

Пандев го постигна првиот гол на овој натпревар, деветти сезонава, со кој ја врати надежта меѓу соиграчите за опстанок во лигата.

Беше многу важно да го добиеме овој натпревар, но нѐ очекуваат уште шест финалиња. Денеска одигравме добро, мораме да обезбедиме опстанок бидејќи клубот и навивачите заслужуваат такво нешто. Не реализиравме пенал, но продолживме да напаѓаме и не дозволивме да бидеме казнети, а сега е време да размислуваме за следниот предизвик. Јас го давам мојот максимум и не е важно кој постигнува голови, истакна Пандев по триумфот.