Палермо исфрлен во Серија Д, Несторовски без отштета оди во Удине!

Поранешниот великан во италијанскиот фудбал, елипата на Палермо, следната сезона ќе настапува во Серија Д, а причина за тоа е поради административни проблеми.

Маките на Сицилијанците се добро документирани, бидејќи нивниот проблем трае со години. По неуспешниот период во историјата на клубот, децениии од почетокот на новиот милениум до 2010 година, кога Палермо беше редовен учесник во европските натпреварувања, работите драстично се променија. Имено, претседателот на клубот, Маурицио Замперини, кој е обвинет за „местење“ на натпревари, правел необични потези во управата и стручниот штаб (променил дури 40 тренери), а воедно го врати тимот во Серија Б поради своето лошо менаџирање во сезоната 2012/13. По неколку сезони, Зампарини конечно го продаде Палермо за 10 фунти.  

Инаку, она што посебно ја интересира македонската јавност, меѓу нив се и двајцата репрезентативци, Илија Несторовски и Александар Трајковски, кои со своите голови ја водеа екипата кон остварување на целта. Поради овие проблеми со кои се соочи Палермо, македонските напаѓачи се очекува набргу да го напуштат клубот, а веќе интерес пројавија неколку клубови.

Според италијанските медиуми, Несторовски веќе има договор со Удинезе и на тој начин се врати во најквалитетното италијанско првенство и тоа без отштета која требаше да му биде исплатена на клубот. Од друга страна Трајковски се поврзуваше со два гиганти, Милан и Спортинг Лисабон.