Палермо ги поставува условите, Несторовски на чекор до Серија А

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски најверојатно ќе замине од Палермо. И покрај турбулентната сезона, која ја заврши со 13 гола, нашиот интернационале привлече внимание од Серија А.

Најпрво како кандидат за потписот на македонскиот репрезентативец се појави Болоња, но сега најнов кандидат е Аталанта, која заврши на седмата позиција во минатата сезона.

Управата на Аталанта сака да го донесе Несторовски, кој ќе игра со Дуван Запата во нападот.

Денеска, спортскиот директор на Палермо, Рино Фоски ќе има состанок со Аталанта на кој ќе разговара за можноста Несторовски да се пресели во нивната екипа.

„Несторовски во Аталанта? Тоа ќе биде само според нашите барања и услови. Зборувам постојано со сите играчи, тука сум да им помогнам“, вели Фоски.