Ова е Бабунски кој го знаеме: Торпедо од 25 метри ја погоди Осака! (ВИДЕО)

По пауза од осум месеци Давид Бабунски повторно постигна гол за својата Јокохама, но за жал тој и соиграчите мораа да се соочат со убедлив пораз, со 1-4 од Осака.

Голот на Бабунски го отвори натпреварот, уште во 13 минута ѝ донесе водство на Јокохама со фантастичен удар од околу 25 метри по земја и прецизно. Резултатот остана 1-0 во првиот дел, но во вториот Јокохама ја снајде вистински потоп.

Коинциденција или не, штом тој излезе од игра, во 59. минута почна стрелбата кон голот на Јокохама, веќе од 64. минута, за на крај да се претвори во убедлив пораз. Сезоната во Јапонија е пред крај, има уште две кола, а Јокохама е петта, со 55 бода, пет помалку од третопласираната Осака. Бабунски дојде до бројката од три гола.