Официјално: Ристовски доби нов тренер во Спортинг Лисабон!

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски конечно доби нов тренер во Споринг Лисабон, откако претходниот тренер Жорж Жесус одлучи да го напушти португалскиот гигант, а на негово место сега е поставен Синиша Михајловиќ.

Португалската екипа се соочи со турбулентен период, а голем дел од ѕвездите ја прекинаа соработката со Спортинг, откако хулигани извршија напад врз тренинг-кампот.

Поранешниот тренер на Милан е без работа од средината на минатата сезона, откако доби отказ од Торино, а сега го потпиша својот прв договор со клуб, кој е надвор од Италија.