Несторовски постигна гол, но Палермо загуби од Каљари! (ВИДЕО)

Нашите интернационалци Илија Несторовски и Александар Трајковски не успеаа да му помогнат на Палермо да го победи Каљари (2-1) во италијанскиот куп.

Натпреварот го отворија домаќините со погодок во 31. минута преку Леонардо Паволети, а Палермо немаше муниција во првиот дел да го израмни резултатот.

Во второто полувреме, гостите почнаа многу подобро, па Несторовски беше стрелец во 52. минута за израмнување на резултатот, но ниту тоа не беше доволно за неговата екипа бидејќи Паволети во 73. минута повторно стрелаше за Каљари и ги постави конечните 2-1.