Несторовски и Трајковски повторно стрелаа, но Палермо ремизираше со Читадела (ВИДЕО)

Македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски одиграа солиден меч за екипата на Палермо во ремито од 2-2 против Читадела, по што не успеаа да го преминат Лече на втората позиција и сега ќе играат во плејофот на Серија Б за влез во најсилната италијанска лига.

Несторовски погоди во 21. минута од мечот за водство од 1-0, а две минути подоцна му асистираше на Трајковски за 2-0, но во 40. минута се повреди и мораше да го напушти теренот.

Во вториот дел следуваше пад на играта на Палермо, па Читадела ги искористи своите шанси, односно во 62. минута преку Диав намали на 1-2, а Адорни во 82. минута ги постави конечните 2-2.

Тоа значи дека Палермо го има потешкиот пат за пласман во Серија А, а тоа ќе биде преку плејофот.