Несторовски беше одличен: Палермо освои важни три бодови (ВИДЕО)

Нашите интернационалци Илија Несторовски и Александар Трајковски му помогнаа на Палермо да се врати во битка за место кое води директно во Серија А.

Несторовски го започна мечот против Фросиноне додека Трајковски беше резерва, но влезе во игра во 83. минута од натпреварот. Голот за победа на екипата на Палермо беше Гнаоре во 47. минута.

Со оваа победа Палермо стигна до 50 бодови од 29 натпревари во Серија Б и така се најде на само еден бод до втората позиција и три бодови до врвот на табелата.