Мирко Ивановски не се откажува од трката за „Златната копачка“ во Хрватска

Славен Белупо „врза“ уште еден пораз во серија, па сега се наоѓа на седмата позиција во хрватската лига, но нашиот интернационалец Мирко Ивановски имаше одличен натпревар.

Ивановски постигна два гола во поразот на неговата екипа од 5-2, па сега во хрватското првенство има вкупно 13 гола и ќе се бори до крајот на сезоната за Златната копачка

Во моментов подобри стрелци од Ивановски се Ел Арби Судани од Динамо Загреб со 15 постигнати голови и Хебер од Ријека, кој има постигнат 16 голови.