Македонскиот тандем за 120 секунди ја сотре Читадела (ВИДЕО)

Палермо води против Читадела со 2-0, а најзаслужни за восдството се нашите фудбалери. Македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски постигнаа по еден погодок во само 120 секунди. Прво стрелаше Несторовски во 21 минута, а само минута подоцна во листата на стрелците се запиша и неговиот клупски и репрезентативен колега Трајковски. Палермо ја продолжуа битката за влез во Серија А.