Лидс конечно победи со асистенција на Алиоски! (ВИДЕО)

Во рамки на 34. коло од англиската Чемпионшип лига, Лидс конечно успеа да стигне до триумф против Брентфорд со 1-0, по катастрофалната низа од десет натпревари без победа.

Може да се каже дека најзаслужен за оваа победа беше нашиот интернационалец Алиоски, кој во 31. минута од средбата му асистираше на Купер за водство од 1-0.

Во продолжение на средбата, гостите заиграа поагресивно и се обидоа да го израмнат резултатот, но и покрај 13. удари кон голот на Лидс, мрежата остана да мирува.