Леванте се спасуваше од пораз, Барди одигра едно полувреме (ВИДЕО)

Фудбалерите на Леванте никако не успеваат да се вратат во добрата форма, па и по денешното реми против Гетафе од 1-1 веќе четири натпреваир во низа немаат победа.

Денеска не успеаја да го совладаат ниту Гетафе пред своите гледачи, напротив, губеа па спасуваа боди. Фејсал Фажр во 58-та минута ги шокираше домаќините, но по само четири минути Хосе Моралес ги постави конечните 1-1.

Нашиот интернационалец Енис Барди не го започна натпреварот, но доби шанса на самиот старт од вториот дел на местото на Лопез. И Барди се вклопи во сивилото на Леванте денеска, па не одигра којзнае каква улога на денешниот дуел, кој неговиот тим го заврши со само еден единствен упатен удар во рамките од противничкиот гол.