Коњаспор на Јаховиќ тргна со победа во Турција (ВИДЕО)

Нашиот интернационалец Адис Јаховиќ му помогна на својот тим Коњаспор во победата против Ерзурум со 3-2.

Коњаспор го почна жестоко натпреварот, па во 18. минута доби пенал кој не го искористи, а четири минути подоцна Угур Демирок погоди за 1-0, а во 30. минута Мустафа Јатабаре зголеми на 2-0.

Сепак, и покрај притисокот на домаќините, гостинската екипа успеа да се врати во игра со головите на Лео Швелен во 39. минута и Локман Гор во 71. минута.

Иако Јаховиќ не беше стрелец на ниту еден гол и не асистираше, сепак при третиот погодок на домашната екипа топката го удри него, па заврши во нозете на Јатабаре кој ја смести во противничката мрежа.