Ќе се снима филм за љубовната „сапуница“ Икарди – Ванда Нара?

Контроверзниот аргентински напаѓач во Интер, Мауро Икарди, кој многу повеќе стана популарен поради својата сопруга Ванда Нара и начинот на кој ја „украде“ од својот пријател Макси Лопез, па конечно капитенот на „нераѕурите“ реши да ја открие вистината.

Тоа што е најинтересно во приказната за триаголникот Лопез-Ванда-Икарди е најавата дека целата приказна може да заврши и на филмско платно, зашто некои медиуми објавија дека продуцентски куќи веќе се распрашуваат и имаат идеја да го овековечат „најголемото предавство“ преку филмска „сапуница“.

Ванда му беше девојка на Лопез со кој има три деца, а потоа заврши во прегратките на Мауро. Икарди и Лопез играа заедно во Сампдорија, а потоа Мауро се пресели во Интер, но откако сопругата заврши во кревет кај „најдобриот пријател“, Макси Лопез повеќе не се поздрави ниту еднаш со Икарди на мечевите во Серија А.

„Сите зборуваат за тоа, а никој не ја знае вистинската приказна. Кога почнавме да излегуваме, јас играв со Милито, Занети, Камбијасо, Самуел и сите тие ја знаат вистинската приказна и вистината. Јас им кажав сè. Јас им бев близок пријател, познаник и сето тоа беше нормално. Откако Ванда се разведе, стапивме во контакт и сè потоа едноставно – се случи. Јас се заљубив и за тоа само јас можам да судам. Лопез не беше мој најдобар пријател, но близу тоа. Бевме само колеги во Сампдорија, ништо повеќе“, вели Икарди.