Китановски и Славен Белупо ремизираа против Интер Запрешиќ

Македонскиот интернационалец Томе Китановски, заедно со своите соиграчи од Славен Белупо, одиграа тежок натпревар на домашен терен против екипата на Интер Запрешиќ.

Славен Белупо се бори сезонава за опстанок во Првата хрватска лига, а откако сите помислија дека конечно ќе прекине серијата од четири порази по ред, пристигна шокот во 98. минута од средбата кога гостите го израмнија резултатот.

Екипата на Китановски не издржа до крајот, па сега има 32 бода на табелата, поточно осум бода повеќе од место кое носи во Втората хрватска лига.