Италијанците тврдат: Преговорите меѓу Елмас и Наполи набргу завршуваат! (ФОТО)

Еден од најголемите фудбалски таленти на Македонија, Елиф Елмас, не е повикан за денешниот пријателски меч на Фенербахче против Булсапор, поради што уште еден показател дека играчот од средниот ред е близу до трансфер во калчолигашот Наполи.

Тоа го потврди и познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио, кој е добро запознаен со случувањата кога е во прашање Серија А.

Елмас не е повикан од Фенербахче за денешниот пријателски меч, преговорите набргу се затвараат, Договорот со Елмас и Наполи е при самиот крај, само се очекува кога двете страни ќе стават потпис на нивната соработка, обајви на својот Твитер - профил Ди Марцио.