Илиев со одлична интервенција го отвори патот кон победа на младинскиот тим на Арсенал (ВИДЕО)

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски денеска го објави списокот на фудбалери за последните две кола од Лигата на нации, а место во селекцијата доби Дејан Илиев, голманот на Арсенал.

Илиев вчера имаше солиден настап за екипата до 21 година на Арсенал против Форест Грин, па им помогна на „топчиите“ да слават со 3-1.

Македонскиот голман одбрани одличен шут од слободен удар при резултат 0-0, а потоа неговата екипа постигна два гола за водство од 2-0. Но, Илиев не беше успешен при една друга шанса на противничкиот тим, па прими гол поради грешка на одбраната.

Да потсетиме, ова е прв повик на Илиев во репрезентацијата по март годинава.