Илиев се збогува со Чех: Среќен сум што учев од најдобриот! (ФОТО)

Македонскиот голман кој брани за Арсенал, Дејан Илиев се прости од својот клупски колега, легендарниот Петар Чех кој заминува во пензија. Чех синоќа во финалето од Лига Европа каде беше убедливо поразен од својот поранешен клуб Челси (1-4), го одигра последниот натпревар во кариерата. Нашиот чувар на мрежата на социјалните мрежи му се заблагодари на Чехот за се што направил за него.

„Имав можност да работам со еден од најдобрите голмани во светот, кој го гледав додека растев. Ти беше мој пример и научив многу од тебе во последните неколку години колку што работевме заедно. Ти честитам на одличната кариера и ти посакувам се најдобро во иднина“, напиша Илиев.